X
 12.12.2022 Живот

Дојави за бомби во МНР, ГТЦ и во неколку училишта

Дојави за поставени бомба пристигнале изутринава во Министерството за надворешни работи, Градскиот трговски центар и во неколку средни училишта во Скопје.

- Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа - соопштија од МНР.

Дојави за поставени експлозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.
Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.
Освен анонимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот