X
 10.11.2022 Образование

МОН: Средните училишта мора да најдат начин за надоместување на пропуштените часови поради лажните дојави за бомби

Наставата во средните училишта во Скопје каде што во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови, велат од Министерството за образование и наука.

Според МОН, местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа, додаваат од Министерството, во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано се работи на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти.

-Осудуваме секаков обид за наштетување на воспитно-образовниот процес на учениците. Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани - се вели во денешното соопштение од МОН.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование