X
 22.06.2017 Здравје

Како Сонцето ве прави посреќни?

Дали сте се запрашале како Сонцето Ве прави посреќни? Истражувачи од Brigham Young University, во Јута, САД, набљудувале како расположението се менува меѓу изгревот и залезот на Сонцето.

Резултатите покажале дека времетраењето во кое сонцето е надвор има голем ефект врз менталната состојба на секого, дури и повеќе од други фактори како температура, загадување и дожд.

Со студијата се дошло до заклучок дека луѓето се помалку среќни кога денот е пократок и кога има помалку сонце, а спротивно на ова, биле посреќни кога денот бил продолжен и кога биле изложени на повеќе сончева светлина.


Резултатите биде заклучени кога истражувачите ги студирале и метеоролошките податоци од Станицата за физика и астрономија на универзитетот и податоците за загадување од Агенцијата за заштита на средината на САД.

Авторот на студијата, Марк Бечер за медиумите изјавил:

„Во врнежлив ден, или во позагаден ден, луѓето претпоставуваат дека имаат повеќе болести. Но тоа не го гледавме. Го набљудувавме сончевото зрачење или количината на сончева светлина која всушност допира до земјата. Се обидовме да земеме предвид облачни денови, денови со врнежи, загадување... но тие отпаднаа. Она што беше навистина важно е времетраењето од изгревот до залезот на сонцето.“

Следниот пат кога ќе се изложите на сонце, ќе знаете дека тоа не е добро само за тенот туку и за менталното здравје.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје