13.02.2023
Живот
Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресите во Турција и во Сирија
Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија, во државава денеска е Ден на жалост.
Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје.
Одлуката ја донесе вчера Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6 февруари.
Бројот на загинати во земјотресите, заклучно со вчера, достигна над 33.000.
Извор: МИА