X
 13.04.2020 Живот

Во Варшава има „драјв-ин“ исповедалница

Голем број римокатолици од петокот го слават Велигден, еден од најважните празници во христијанскиот календар. Празникот несомнено е одбележан од луѓето во изолација поради коронавирусот, но во една црква во Варшава, Полска, сепак беше овозможено исповедување.

Полскиот свештеник Матеус Кјеларски смислил „драјв-ин“ исповедување на паркинг на црква во Варшава и на тој начин им овозможил на верниците да бараат прошка за гревовите пред големиот празник. Свештеникот, заштитен со хируршка маска, седи на стол на паркингот и ги слуша верниците кои седат во нивниот автомобил и се исповедаат преку отворен прозорец.

- Од нивните возила можам да се погрижам за состојбата на душата, а истовремено телото им е заштитено од коронавирусот - истакнал свештеникот.

Тој додава дека постои одредена физичка дистанца со верниците, но дека сепак е овозможена интимна атмосфера.

Полска е една од најрелигиозните држави во Европа, во која миса смеат да слушаат само пет лица истовремено.

Извор и насловна фотографија: National Geographic
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот