X
 13.05.2018 Живот

Да се разбере другиот значи да се сака

Социјалниот психолог и филозоф Ерих Фром живеел во првите 80 години од 20 век, почнувајќи од Германија, завршувајќи во Швајцарија и минувајќи периоди од животот во места како Њујорк, Мексико Сити и Мичиген. Но, неговото интелектуално искуство го надминало дури и неговото импресивно историско и културно искуство: тој се вклучил не само во психоаналитичката теорија и пракса, туку и во теолошко учење, политичка критика и нешто што го нарекувал вид на мистицизам.

Пошироката публика го запознала Фром преку неговиот бестселер од 1956 година насловен „Уметноста на љубовта“. Пред едно лице да може да сака, во широка смисла на зборот, мора да биде способно да слуша, а Фром пишува за ова во „Уметноста на слушањето“, постхумно објавена книга адаптирана според семинар од 1974 година од Швајцарија.

Говорејќи во смисла на психоанализа, Фром се спротивставува на дефинирањето на слушањето како „техника“ бидејќи зборот се однесува „на механичкото, на она кое не е живо, додека соодветниот збор за справување со она кое е живо е уметност.“ Па така, ако психоанализата е процес на разбирање на човековиот ум, особено на оној дел кој е свесен, тоа е уметност како разбирањето на поезијата. Фром ги наведува овие шест основни правила за оваа уметност:

1. Основното правило за применување на оваа уметност е комплетната концентрација на слушачот.

2. Ништо важно не треба да му биде на ум, мора да е оптимално слободен од вознемиреност и алчност.

3. Мора да има имагинација која работи слободно и која е доволно конкретна за да биде изразена во зборови.

4. Мора да е обдарен со капацитет за емпатија со другата личност и да е доволно силен да го почувствува искуството на другиот како да е негово.

5. Состојбата за таква емпатија е клучен аспект на капацитетот за љубов. Да се разбере другиот значи да се сака - не во еротска смисла, туку во смисла на допирање до него и на надминување на стравот дека ќе се изгубите.

6. Разбирањето и сакањето се неразделиви. Ако се разделат, тоа е мозочен процес и вратата на основното разбирање останува затворена.


Ерих Фром
Фото: Open culture

Каде и да сте или кога и да можете, секогаш можете да вежбате ослободување на вашиот ум за да се сконцентрирате што е можно поцелосно на лицето кое ви зборува, изострувајќи ја вашата имагинација за јасно да можете да искусите во вашиот ум што тие имаат да кажат.  Oстанува фактот дека сите ние мораме, најмногу што е можно, да си ги разбираме меѓусебните умови како да се наши, преживувањето на човештвото секогаш зависело од тоа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот