X
 13.07.2022 Технологија

Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината – само уште два дена до затворање на повикот

Остануваат уште два дена до затворањето на повикот на А1 Македонија за 18 дипломци кои ќе имаат можност да го градат својот кариерен пат и да го збогатат своето знаење преку работа на реални проекти.

Ова е втората генерација од програмата А1 WayUp платена практикантска програма, со полно работно време од 40 часа, наменета за дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии.

Преку А1 WayUp програмата практикантите добиваат можност да го стекнат своето прво работно искуство и да работат на проекти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ-решенија, оптички и 5G мрежи.

Програмата се состои од формални обуки и практична работа на конкретни примери, како учење дополнителни вештини, способност за презентирање и јавен настап, ефикасна комуникација и агилен начин на работа.

Практикантите што ќе станат дел од програмата A1 WayUp, ќе станат и дел од големото А1 семејство, со што им следуваат бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај тоа, ќе добијат можност да работат со искусни ментори кои ќе им дадат целосна поддршка и ќе го споделат своето знаење.

Практикантите од првата генерација на A1 WayUp уште во првите шест месеци стекнаа дигитални, како и деловни вештини кои веќе се вработени во А1 Македонија.
Рокот за апликации за програмата A1 WayUp за сите 18 отворени позиции трае до 15 јули. Сите млади што се на крај од своите студии или кои ги завршиле, а сакаат да го градат својот кариерен пат во дигиталната и ИКТ-индустријата, може да аплицираат преку линкот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија