По интензивно тринеделно предавање, А1 Македонија со гордост го објавува успешното завршување на A1 Academy. Академијата за бизнис-aналитика им овозможи на учеснците да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа и визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис-фактори и примена на вештачка интелигенција во бизнис-секторот.
-Горди сме што сѐ повеќе млади ја препознаа нашата намера и покажаа огромен интерес и мотив за учење. Со креирање на динамична средина за учење и обезбедување пристап до најновите алатки и методологии,продолжуваме со нашата цел, а тоа е овозможување на што повеќе млади луѓе да се стекнат со дигитални вештини во ова модерно време. Наскоро следува нов модул на уште една атрактивна и модерна теми и ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Нашите врвни експерти, професионалци во својата област понудија детално изучување на клучни сегменти како што се предвидување на бизнис-трендови, оптимизација на процеси и стратешко одлучување. Целта на академијата беше да се објаснат најновите методи и практики кои сѐ повеќе се употребуваат во сферата на бизнис-аналитика и оперативниот менаџмент, а придонесуваат за оптимизација на бизнис-процесите, намалување на трошоците и целокупно подобрување на ефикасноста и работењето на бизнисите. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.
Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.
Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб-страница на
линкот.
(Комерцијална објава)