Астрологијата се базира на тврдењето дека комбинираната гравитација на сите планети во моментот на нашето раѓање ја одредува нашата личност, но науката не се согласува со ова.
Како што истакнуваше и Њутн, гравитацијата на масивните објекти е обратнопропорционална од квадратот на нивната оддалеченост, па тешко дека може на денот на нашето раѓање да влијае врз формата на нашата личност.
Фото: Pixabay
Сепак, годишното време во кое сте родени може да „игра“ некаква улога.
Најновите истражувања извршени врз студенти и возрасна популација, покажуваат некакви шаблони во рамките на тоа во кој месец, односно годишно време е родено некое лице.
Пролет
Мартовските, априлските и мајските деца се наоѓаат високо на скалата на хипертимија, или генералниот оптимизам, односно можноста во сѐ да гледаат нешто добро и позитивно. Меѓутоа, тоа значи и дека се подложни на самата спротивност - на клиничка депресија.
Лето
Нема многу лоши вести за родените во јуни, јули и август. Летните бебиња имаат одредени хипертимички особини, како и пролетните. Сепак, фактот што мајките ги носеле во утробата во текот на зимата доведува до сколоност кон циклотимија, односно рапидни промени во расположението како и биполарни пореметувања.
Есен
За луѓето кои веруваат во астрологијата доволен показател на тоа какви се есенските деца е хороскопскиот знак на совршено избалансираната Вага. Иако понекогаш умеат да бидат раздразливи, главно се стабилни и немаат тенденции кон негативни состојби на умот.
Зима
Тука веќе работите се опачни. Меѓу предизвиците со кои се среќаваат зимските деца се наоѓаат шизофренијата, биполарните пореметувања, депресијата и метеопатијата. Меѓутоа, тие се помалку раздразливи од есенските деца и спаѓаат во најкреативните луѓе на светот.