X
 23.11.2018 Забава

Кети Пери е најплатена пејачка за 2018 година

Кети Пери е прва на топ-10 листата најплатени пејачки за 2018 година на „Форбс“, со што ја симна Бијонсе од престолот по тригодишна доминација.

Пери годинава заработила 83 милиони долари, од кои 20 милиони за своето учество во жирито на емисијата „Американски идол“, како и над милион долари за секој настап.

На второто место на листата на „Форбс“ се најде Тејлор Свифт со 80 милиони долари заработка, најмногу поради албумот „Reputation“.

Трета е Бијонсе со заработени 60 милиони долари, четврта - Пинк со 52 милиони, а петта е Лејди Гага, која со својот филм „Ѕвездата е родена“, но и поради договорите со Версаче и МАК на својата сметка има 50 милиони долари повеќе.
Потоа се Џенифер Лопез (47 милиони долари), Ријана, ѕвездата од филмот „Осумтемина на Оушн“ (37 милиони долари), Хелена Фишер (32 милиони долари). Селин Дион, која за настап во Лас Вегас наплаќа 500.000 долари, а за патување до Европа наплаќа двојно - еден милион, годинава заработила 31 милион долари и се најде на деветтото место.

На последното 10. место е Бритни Спирс со заработка од 30 милиони долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава