X
 13.10.2021 Култура

Биг бендот на ЗЏМ ќе настапи со џез-легендата и добитник на „Греми“, Курт Елинг

Биг бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ) го најави гостувањето на престижниот загрепски џез-фестивал, каде што ќе ја дели сцената со овогодишниот добитник на „Греми“ за најдобар џез вокален албум - светската џез-легенда Курт Елинг. Концертот ќе се одржи на 7 ноември во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

- По повеќе од пет години активна работа и успешно реализирани концерти со низа истакнати музичари од земјава и од странство, Биг бенд оркестарот додава уште едно навистина значајно име во своето портфолио. Со огромна радост ви соопштуваме дека ќе настапи на 12. издание на Загрепскиот џез-фестивал со светската легенда Курт Елинг -  соопштија од ЗЏМ.  

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) – Скопје е невладина организација, основана во април 2016 година, со единствена цел да ги обедини џез-музичарите од Македонија и да ја афирмира и популаризира македонската џез-музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат дел од најреномираните џез-музичари од Македонија, студенти и професори на џез-академиите во Скопје и во Штип, како и слободни уметници, љубители и помагачи на овој вид уметност.

фото: Татјана Ранташа


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура