X
 23.11.2016 Култура

Дела од целиот свет добија награди на 9-тиот Скопје Постер Фестивал

Скопје – Повторно по 4 години Скопје Постер Фестивал, пред многу бројната публика ги претстави победниците на овогодинешното девето издание во просторите на Музеј на Град Скопје.



„„Криза на идентитет“ е темата на овогодинешниот конкурс, која сметавме дека е актуелна во целиот свет, тоа го покажа и бројката од 33 % зголемување на пристигнати дела во однос на минатите години, како и разноликоста на учесниците. Делата од сите континенти  се доказ за големиот интерес за темата и овој вид на уметност„ рече Гере Трипков, организатор на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт“.

Жири комисијата составена од пет меѓународни судии Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) по четри часовно жирирање ги додели 10те награди: две главни награди од ист ранг, 2 специјални награди и 6 почесни награди.



Претседателот на комисијата Тони Васиќ пред присутните ги претстави добитници на награди од ист ранг: Мигуел Ангел Рангел, Универзитет во Сан Луис Потоси од Мексико и Река Немеди Варга од Метрополитен Универзитет - Будимпешта, Унгарија.
Двете специјални награди од жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу, Ксиамен Универзитет, Тан Ках Ки Колеџ, Кина и Дикле Јилдирим, Докуз Универзитет, Турција.

Додека пак,  почесни признанија добија кај Јуниј / Зежун Шан / Уанг, Мериленд Институт – Колеџ за уметност од САД, Кајли Димик, Пратт Школа за дизајн од САД, Лазар Митровиќ, Факултет за филологија и уметност од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо, Школо за убави уметности и дизајн од Португалија,     Никола Марфи, Универзитет од Болтон, Обединето Кралство и Карол Шчепанкиевич, Универзитет Никола Коперник од Полска.



Фестивалските денови продолжуваат со презентации и работилници од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат по светските музеи, на теми  „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“ и „Дизајнирање постер за џез настан“ се наменети за сите студенти и професионалци дизајнери.
Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 30ти Ноември. Повеќе информации за 9-тиот Скопје Постер фестивал на официјалната веб страна http://skopjeposter.com/mk/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура