Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“ откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.
Пикси почна да продава т.н. фиџет-спинери за време на пандемијата, по што заработи неколку милиони долари.
Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се сосредоточи на образованието.
Извор: МИА