Оние што работат на универзитет погоден од коронавирусот може да добијат бесплатен пристап до курсевите што се нудат на „
Курсера“.
- Ширењето на коронавирусот е една од најсериозните глобални здравствени закани во последниве децении. Во многу држави забраните од страна на владите ги попречуваат секојдневните рутини на милиони луѓе, меѓу кои и студентите. Многу универзитети во погодените региони ги имаат откажано семинарите во живо, ги затворија предавалните и се обидуваат да ја минимализираат штетата од оваа непогода. Среќни сме што имаме соработка со универзитетите и индустриите кои ни помагаат во овие ситуации - изјавил извршниот директор на „Курсера“, Џеф Маџионкалда.
Фото: Pixabay
- Инспирирани од нивната поддршка и нашата загриженост, најавуваме соработка за помош на универзитетите и факултетите кои бараат онлајн-курсеви. Почнувајќи од денеска, секој универзитет што бил погоден од коронавирусот ќе има бесплатен пристап до нашата веб-страница. На студентите им нудиме над 3.800 курсеви и 400 специјализации од страна на најдобрите
универзитети. Овие институции ќе имаат бесплатен пристап до 31 јули 2020 година, а потоа планираме пристапот да го продолжуваме по еден месец, во зависност од ситуацијата - додава директорот.
- Студентите што ќе се зачленат пред 31 јули ќе имаат пристап до 30 септември 2020 година. Во последните неколку недели Универзитетот „Дјук“ ги има користено услугите на „Курсера“ за нивните студенти во Кина. Овој начин на учење бил добро прифатен од страна на студентите и им помогнал да продолжат со своето образование.
Фото: Pixabay
- Како глобална заедница на воспитувачи, чест ни е да служиме за заедницата на учениците и студентите за време на оваа тешка криза. Во текот на следните неколку дена ќе бидат одржани и вебинари на кои ќе бидат споделени искуства од нашите партнери како да се направи транзиција кон онлајн-учењето за време на кризата.
Извор:
openculture.com