X
 07.12.2021 Здравје

Омикрон полесно се пренесува од другите соеви, велат научници

Најновиот сој на ковид-19, омикрон, има генски промени поради кои полесно се пренесува од лице на лице во споредба со делта-сојот, покажува најнова процена на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Друг извештај на Мрежата за геномски надзор во Јужноафриканска Република го заклучува истото и покажува дека омикрон брзо станал доминантен сој во земјата. Во октомври 80 отсто од сите примероци што биле тестирани биле од делта-сојот, но во ноември 75 отсто биле од омикрон, а 22 отсто од делта-сојот.

Во новиот британски извештај научниците пишуваат дека сојот омикрон му помага на вирусот побргу да се размножува во телото и може да помогне за поцврсто врзување за АЦЕ2 рецепторот на човечките клетки, пишува „Еклиника“.


Фото: Pixabay

Во извештајот се наведува и дека вирусот има мутации кои го менуваат обликот на сите четири места на кои се „заклучуваат“ антителата, што ја зголемува веројатноста да се одбегне природниот имунитет. Првите истражување од Јужноафриканската Република покажуваат дека луѓето што веќе биле заразени со болеста може повторно да се заразат со сојот омикрон.

Истовремено, голема е веројатноста дека овој сој одбегнува дел од заштитата која луѓето ја добиваат од вакцините, иако ова треба да биде потврдено со лабораториски испитувања и епидемиолошки студии.

Извор: Eklinika
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје