X
 14.07.2018 Живот

Пет совети од еден милијардер

Џон Пол Деџорија е американски милијардер, кој и покрај управувањето со компаниите наоѓа начин да се фокусира на својот успех и среќа. Тој објасни и како го прави тоа.

1. Прифатете го одбивањето

Кога сте подготвени на тоа дека вашите идеи ќе бидат одбиени и дека ќе слушнете „Не“, тоа нема да ве обесхрабри за нови потфати.

2. Правете им го на другите тоа што сакате да ви го прават

Однесувајте се кон другите со почит, без оглед како изгледаат тие и кои се, без оглед на нивниот финансиски статус, однесувајте се со луѓето онака како што сакате тие да се однесуваат со вас.

3. Спијте

Спиењето е многу важно. Но, мислам на спиење за да добиете енергија. Пред да си легнете, на лист запишете ги сите свои проблеми и предизвици и оставете го ливчето за да не морате да размислувате за тоа бидејќи секако ќе ве чека тука изутрината.

4. Едноставно бидете вие

Кога ќе се разбудам наутро, секогаш малку застанувам и неколку минути не размислувам што следно да правам. Пружете си го тоа.

5. Бидете свесни за моментот во кој се наоѓате

Ако треба, разбудете се пет минути порано и само погледнете во плафонот и бидете свесни каде сте и кои сте.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот