X
 14.07.2019 Забава

Базени кои се вистински уметнички дела

Покрај морето, еден од главните синоними за летото е базенот. Во светот постојат базени кои се вистински ремек-дела и тоа буквално бидејќи ги дизајнирале ликовни уметници. Еве неколку од нив.

Овој базен во Лос Анџелес е дизајниран од страна на англискиот сликар Дејвид Хокни, чија уметност се карактеризира со чести мотиви на лето. Тој го насликал дното на базенот во хотелот „Холивуд Рузвелт“ за само 4 часа во 1988 година.



Уште еден припадник на поп-арт движењето, Ед Рушеј, дизајнирал базен во приватната куќа на родениот брат Пол во Лос Анџелес. Како мотив го користел она по што е најпрепознатлив, зборовите. Така, на дното напишал: Name, Adresse, Telefon.


Иако во овој базен не е дозволено капење, со оглед на тоа дека е поставен вертикално и во него нема вода, во секоја смисла е уметничко дело. Поставен е пред три години пред центарот Рокфелер во Њујорк и е дизајниран од страна на берлинските уметници Елмгрин и Драгсет.

View this post on Instagram

There is more than meets in the eye in this swimming pool installation in New York’s Rockefeller Center, from the duo: Elmgreen & Dragset. The clue comes from the name: ‘Van Gogh’s Ear’ (2016). The mystery of the Van Gogh ear drama mirrors the surrealist art installation, as the artists re-imagine the famed artist's tragic ear story for a conceptual audience. Made from steel, fibreglass, stainless steel, and lights, the swimming pool - a gesture to the middle-class - dominates over the busy street in New York City. As a site-specific artwork, this work responds to it’s surrounding, fitting neatly in the cluster of buildings and lining up with the one behind it. While the title of the works hints to an art history background, the playful installation can be whatever the audience wants to see in creating their own imaginary narrative. - @elmgreenanddragsetstudio @rockcenternyc #vangoghear

A post shared by ARTICULATE (@_articulatepr) on


Еден од најпознатите сликари на 20 век, Пабло Пикасо, бил долгогодишен пријател на играчот на фламенко Антонио Руиз Солер. Кога купил луксузна вила во близина на шпанскиот град Марбеља, Пикасо го насликал дното на базенот. Куќата е продадена на аукција во 2018 година.


Австрискиот уметник Алфредо Барсуглија во 2014 година дизајнирал базен во калифорниската пустина Мохаве и тој изгледа прилично необично.


Сместен во областа Напа во Калифорнија, овој базен е дизајниран од страна на уметник кој во неговата работа најмногу ја има обработувано темата светлина - Џејмс Тарел. Базенот е можеби и најсовршен за пливање од сите наведени базени на листава.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава