Балансираниот појадок е важен за здравјето. Вистинската храна за појадок може да му обезбеди на вашето тело корисни хранливи материи, витамини и минерали кои ќе ви помогнат да го започнете денот на најдобар можен начин. Сепак, постојат намирници за појадок кои се нездрави и можат да придонесат за создавање на воспаление во вашето тело. Хроничното воспаление се поврзува со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар.
Сендвичи
Ејми Гудсон, авторка на книга за исхрана, предлага ограничување на храната богата со додаден шеќер и заситени масти во појадокот.
- Заситените масти кои се наоѓаат во сендвичите, колачите, печивата и повеќето замрзнати јадења за појадок може да придонесат за зголемен холестерол и воспаление доколку се консумираат редовно во подолг временски период - според Гудсон.
Освен тоа, некоја брза храна има вид на маснотии за кои се знае дека предизвикуваат воспаление во телото. Гудсон предлага да изберете сендвичи за појадок направени со немасно месо и леб од цели зрна.
Инстант овесна каша со вкус
На списокот на скриени воспалителни намирници се наоѓа и инстант овесна каша.
- Се разбира, овесната каша е класичен појадок кој е добар за вас бидејќи е полн со здрави влакна, витамини и јаглехидрати. Меѓутоа, ако се одлучите за ароматизираниот вид која содржи додадени шеќери, можеби придонесувате за воспаление во телото - додава таа.
За да го намалите воспалението, придржувајте се до овесната каша без вкус и додадете свежи бобинки и малку јаворов сируп за дополнителен вкус.
Фото: Pixabay
Мафини
Тие се вкусни и лесни за јадење кога сте во брзање но тие често може да содржат големи количини на состојки за кои се знае дека предизвикуваат воспаление кога се консумираат постојано. Шеќерот и белото брашно може да предизвикаат воспаление во телото.
Преработено црвено месо
Месото за појадок, како колбасите, се вкусен начин да го започнете денот и се совршен прилог со изматени јајца и вашата омилена шолја кафе. За жал, овие преработени производи од црвено месо можеби не му прават услуга на вашето тело. Колбасите содржат многу соединенија кои доведуваат до воспаление, хронични болести и специфични видови на рак.
Бел леб
За жал, белиот леб се прави од бело брашно, кое брзо се вари и може да направи да се чувствувате гладни за час или два. Освен тоа, белото брашно е поврзано со зголемено ниво на воспаление.
Палачинки
Палачинките и вафлите се прават со бело брашно и додаден шеќер и често имаат многу малку протеини или влакна. Освен тоа, најчесто се јадат со други намирници кои содржат шеќер. Не е проблем доколку ги јадете ретко, но доколку редовно јадете палачинки или вафли за појадок, може да ги зголемите воспаленијата во телото.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay