X
 14.12.2024 Живот

Како Втората светска војна го спречи Дамбо да стане цицач на годината во магазинот „Тајм“

Секоја година магазинот „Тајм“ ја истакнува на насловна страница личноста на годината, некој кој според редакцијата имал најголемо влијание врз културата во целина. За 2023 година беше избрана Тејлор Свифт, а изминатите години вклучуваа личности од сите сфери – од претседатели до папи.

Но, во 1941 година списанието ја сатиризирало сопствената идеја со именување на слончето Дамбо за цицач на годината. И да не се случел Перл Харбор, Дамбо би бил на насловната страница.

Заснована на книгата „Дамбо - Летечкиот слон“ од Хелен Аберсон и Харолд Перл, Дамбо на „Дизни“ е приказна за слонче кое е искористено во циркус заради неговите преголеми уши - уши кои на крајот му овозможуваат да лета. Иако краток (трае само 64 минути), филмот претставува враќање на „Дизни“, бидејќи компанијата тогаш претрпела финансиски загуби со „Пинокио“ и „Фантазија“ и продукциски неуспеси поради штрајк на аниматорите.

Дамбо бил, во извесна смисла, бебето Јода од тој период, и затоа во „Тајм“ формулирале планови да го претстават како цицач на годината на насловната страница на изданието од 29 декември 1941 година. Списанието дури им наложило на уметниците на „Дизни“ да го претстават ликот како црно-бел цртеж со молив.

Но, додека се подготвувало изданието, се појавиле вести за напад на Перл Харбор. Битката ги катапултирала САД цврсто во Втората светска војна, настан што го направи профилирањето на симпатичен анимиран слон, во најдобар случај - ирелевантно, како и навредливо - во најлош случај. Наместо тоа, „Тајм“ се обиде да го постави генералот Даглас Мекартур на својата насловна.

Во 1941 година за личност на годината бил прогласен претседателот Френклин Д. Рузвелт. До денес, публикацијата именувала само два нечовечки субјекти за годишната чест: компјутерот во 1982 година и Земјата во 1988 година.

„Тајм“ сè уште го профилирале Дамбо на страниците на своето издание од 29 декември, наведувајќи го како еден вид одмор од трагедиите што се случувале низ светот.

„Најпривлечниот нов лик од оваа година на војна, тој речиси сигурно ќе заврши во ексклузивното кралство на детските класици“ пишува магазинот. „Тој можеби нема да стане фолк-херој на САД, но сигурно е цицачот на годината“.

Извор: mentalfloss.com

Фото: Walt Disney

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот