Анализата на обдукцијата на речиси 30 мозоци дава понатамошна поддршка за теоријата дека Алцхајмеровата болест може да биде пренослива, вели истражувањето објавено оваа недела во „Swiss Medical Weekly“.
Истражувачите ги анализирале мозоците на седум пациенти кои починале од Кројцфелд-Јакоб, ретко дегенеративно заболување на мозокот предизвикано од инфективни приони, мали протеински честички кои се речиси неуништиви. Децении пред нивната смрт, пациентите примиле графтови од тврдата мозочна обвивка, дебела мембрана која го штити 'рбетниот мозок, земена од мртовци со цел да се третира тешка повреда на главата или да се покрие главата после операција. Се чини дека прионите биле донесени со трансплантацијата кои нajверојатно предизвикале да се рaзвие дегенеративното заболување со текот на времето.
Но во пет од мозоците, истражувачите виделе докази и од Алцхајмеровата болест - протеинот наречен бета амилоид кој полека ја намалува функцијата на мозокот, што претставува една од карактеристиките на болеста. Пациентите починале помеѓу 28 и 63 години, генерално премлади за да развијат толку многу таложење.
Кога истражувачите ги споредиле овие мозоци со оние од пациентите кои починале од Кројцфелд-Јакоб но немале трансплантација од тврдата мозочна обвивка, тие откриле дека овие пациенти немале бета амилоид плакети. Овие наоди на научниците им укажуваат дека семето на бета амилиоидот може да дошло со графтот и прионите кои предизвикале Кројцфелд-Јакоб, и веројатно предизвикале Алцхајмеровата болест.
Ова истражување е слично со друго истражување објавено во „Nature in september“.
Истражувачите потенцираат дека прионите и плакетите не се заразни, такашто Кројцфелд-Јакоб болеста не може да се пренесе во нормални услови. Дури ниту графтовите на тврдата мозочна обвивка повеќе не се вообичаена практика поради ризикот од развој на Кројцфелд-Јакоб болеста. Но ова, и претходното истражување даваат докази дека Алцхајмеровата може да биде пренесена преку трансплантација. Иако и двете истражувања имаат мали примероци, истражувачите веруваат дека овие наоди би можеле да им помогнат на научниците подобро да ја сфатат Алцхајмеровата болест, со што еден ден ќе доведе до подобрување на третманите за болеста.