X
 11.01.2015 Култура

Туристичките атракции кои светот ќе ги добие во 2015

Подгответе се, бидејќи годинава светот добива туристички атракции за кои вреди да се патува илјадници километри.


Стаклен под на Тауер Бриџ во Лондон, Англија

Мостот ќе добие премин со стаклен под вреден 1,5 милиони долари. Подот ќе нуди единствен поглед кон Темза.


Тобоган „Бетмен“ во Сан Антонио, Тексас

Тој нема да биде особено висок или брз, но ќе ве преврти како што не сте биле превртени досега.


Шангајската кула во Шангај, Кина

Облакодерот ќе биде понизок само од оној највисокиот на светот, кој се наоѓа во Дубаи, но високите лифтови ќе ги носат посетителите до врвот за помалку од минута.


Пат за велосипеди „Ѕвезден пат“ во Холандија

Новиот пат ќе биде осветлен со помош на сончевата енергија. Впрочем, тој веќе беше отворен пред еден месец.


Музејот на иднината во Рио де Жанеиро, Бразил

Неверојатно дизајнираниот музеј ќе биде отворен една година пред Олимпијадата во Рио, а во него ќе бидат изложени „примероци“ од иднината на планетата и луѓето.


Ајфеловата кула, Париз

Да, таа е со нас веќе одреден период, но првата платформа се реновира за да има стаклен под и нов музеј.


Спрингфилд во студиото „Универзал“ во Лос Анџелес

Студиото ќе добие цел регион посветен на Симпсонови.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура