Луѓе со енормно големи суети, моделирани во појавата, присутни во моментот, отсутни за минатото и иднината, луѓе со тенко ‘рбетно столбче, кое лесно се витка и модифицирана, кичеста форма на манифестирање на идентитетот, затоа што душата ја добива суштината од материјата. Елита, идентитетски линк со луцидна свирепост на зборовите со кој некој може да го понижи и девалвира оној кој ќе сака да се доближи до влезот на тој круг, да се покаже како генијален во многу сфери, што е загрижувачко за партиципиентите на елитата, а како резултат на тоа следи и етикетата- сноб.
Кои луѓе ја сочинуваат елитата? Според концептот на Жилиен Бенда личности со голема интелектуална проникливост, со широки познавања за хуманистичките вредности, запознаени со суштината и функционалноста на природата и општеството и што е најважно луѓе кои не се компромитираат со ништо што е екстерно репресивно наметливо и не се подложни на коруција и поткупливост на нивните души и нивниот интелектуален дурбин. Иако за општествата со демократско уредување, чија базична вредност е еднаквост во можностите, концепцијата на Бенда е безисклучоци прифатлива. Во праксисот на општествените форми на живеење и интерактирање ваков поим за елита не се применува во доделувањето на соодветен престиж, моќ или богатство. Впрочем се враќаме на онаа Марксова определба на процесот за стратификација, наместо престиж и моќ, највисоко рангираните со таа пирамида имаат само богатство и широк спектар на информации кои ниту ги прават по интелигентни, ниту помудри, но го забавуваат нивниот автентичен начин на размислување, бидејќи информациите не се тули за градење на ставови, туку целосно оформено знаење преку ревноста работа во поглед на надоградба на интелектуалните хоризонти на екстензивноста во продирањето. Би кажала дека елитизација постои секаде, во кафулињата, во ресторани, кафани, кино, театри, образование, политика, бизнис...
Елитата не само што е духовно воздигнувана и глорифицирана затоа што се забавува со флаша коњак пред себе, купена со пари кои во ретки случаи се заработени со сопствените раце, кои се симбол на човечката диферентност од другите видови. Претставниците на елитата биваат и физички оделени во различни езотерични простори во кои струи малку воздух и светлина, но сепак евидентот за нив е поважно да се покаже статус отколку да се размислува со своја глава. Имате дури и елитни толети, во една просторија нужда извршуваат студентите и чистачките, а постои и толет за професори. Покрај моите силни залагања да дојдам до разумен одговор на прашањето со што е оправдан ваквиот концепт, не наидов на здраво разумско, неконтра интуитивно или мудро образложение. Тоа е исто како да кажеме дека го*ната на професорите се почисти од оние на студентите и тие никако не би требало да се мешаат. Исто како да сметаме дека мокрачата на професорите е ароматична течност без сулфур и слични други супстанции кои предизвикуваат неподнослива миризба, додека онаа на студентите е полна со отрови и гадинки и затоа тие мора да го канализираат тоа на место ралзично од онаа кое е превидено за професорите.
Постојат и случаи во кои со искинати фармерки не се присуствува на настан кој е наменет за средношколци, бидејќи кодексот и протоколот тоа го забранува. Кургови елитни кои работат за туѓи интереси, чии чинители барајќи трошка внимание за лична промоција, се подготвени „Добри намери да го поплочат патот до пеколот!”. Тоа е исто како кога имајќи брилијатно излагање во рамките на својата улога и ингеренција, со предиспонираност во поседување на епитрохазам, со богат и жив речник кој го добиваме како резултат на многу прочитани книги, ќе се појави статична силуета на жена која повеќе време од животот посветила да ги оформи своите гради и задник и да ги истакне со помош на „облеченото тело” отколку што посветила внимание да изгради став и да собере аргументација. Е истата таа личност со безлична маса ви се приближува со цел да ви честита за вашето излагање, но ви дели со ништо повикана совети дека вие не треба да се појавувате на настани, за кои таа е најмалку заслужна во организациска смисла, со искинати фармерки. Што покажува тоа? Прво, станува збор за една неконтролирана завис која се појавува како резултат на годините кои некој ги потрошил учејќи бонтон а не читајќи го Толстој. Завист предивикана од тоа што говорот на дотичната е оскуден, сиромашен, синоптичен и нејзиното говорење не предизвикува никакво внимание. Но и потреба да ме сопне на целната точка оној кој од старотот не направил ни чекор понатаму.
Немам никаков проблем да прифатам критика, ниту да имам непријатели, напротив јас моите непријатели ги сакам затоа што секогаш ме прават уште подобра од тоа што ме нашле. Но имам проблем кога некој ќе ме притиска да прифатам правилник на однесување, што некој го запишал, а безброј будали го следат без да дадат никакаков приговор на тоа. Имам проблем кога некој со интенција да провоцира ми се доближува, знаејќи дека ја знам нејзината намера, при тоа криејќи ги своите отровни заби во јазичните мускули, и убедувајќи ме дека мисли за моето добро. И имам проблем некој да плука по моето достоинство. Не можам да разберам зошто на квиз натпревари се оди во сукња и кошула што исцртуваат женски облини, а не се оди во искинати фармерки кои на некој начин се симбол за отвореност и борба против стереотипност дури од времето на хипи движењето? Не разбирам зошто не постои кодекс за мажи да носат шорцеви во зима и да ги покажуваат своите нозе? Затоа што жените се научени со својот сексизам да привлекуваат внимание? А потоа лицемерно се борат за поголеми права? Јас не сакам да сум дел од таквата елита, бидејќи наместо родители што ги почитувам од интерес, јас имам родители кои малку ми оставиле од страна на културен, социјален капитал, но ме насочиле кон патот чија височина е многу поубава перспектива од која се гледа кон животот отколку онаа на „елитните” кои гледаат од рамницата.
Не можам да попуштам да бидам мета на сексизам и да покажувам голи нозе ставени со свилени чорапи и потпетици кои го отежнуваат моето движење Затоа што авторите од кои учам ми ги вградија вредностите и ме научија дека е побитно да ја претставиш твојата суштина која секогаш е скриена и секундарна во забележувањето, отколку да ја носиш амбалажата кој во себе крие искра суштина, скоро незабележлива. Не сакам да прифатам да бидам дел од нешто против што се борам, и не постои никаков компромис ниту за пари, ниту за престиж, ниту за моќ. Бидејќи единствената работа што не може да се стекне е личност, ако неа ја направам кревка ниту едно задоволство нема да ме доведе до екстаза. И имам голем проблем да бидам во опкружување со луѓе кои нештата ги гледаат низ визурата на парите, материјалните вредности, облеката и накитот, затоа што историјата не запишува такви луѓе. Таа запишува луѓе со генијални умови и чисти срца, со беспрекорна пуритатност на нивната намера да се возвиши човештвото и цивилизацијата!
Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.