X
 22.02.2015 Образование

Креативни нови методи кои се користат за предавање странски јазик

Јазикот најдобро се учи со зборување, дури и денес. Но, многу искусни и добри наставници решаваат да користат технологија во своите часови. Зошто? На учениците им е позабавно и повеќе се интересираат да научат и со технологијата полесно е да се работи во групи. Тоа се само некои поволности. Кирстен Ру од „Едудемик“ претставува креативни методи кои се користат за предавање англиски како странски јазик.


ТЕД-говори

ТЕД нуди многу едукативни говори кои честопати ги охрабруваат учениците да дискутираат меѓусебно за одредени идеи. Нова соработка на ТЕД, „National geographic“ и „Cengage learning“ треба да создаде различни наставни планови за основни јазични вештини, читање и англиски јазик за бизнис. Со комбинација од онлајн-материјали и учебници програмите ќе имаат цел развивање вештини за слушање, зборување и пишување на англискиот јазик.

Учење со апликации

Многу апликации за учење јазици се бесплатни. Повеќето од учениците денес имаат смартфони, но не се свесни дека во џебот носат алатка за учење. „Дуолинго“ е една од најпопуларните вакви апликации со 20 милиони активни корисници. Неодамна беше претставена програм „Дуолинго за училиште“ со кој наставниците може да ги следат податоците на своите ученици при учењето странски јазик.

Користење на социјалните мрежи

1,3 милијарди луѓе се активни корисници на „Фејсбук“ во моментов. Статистика од 2012 година вели дека корисниците на „Твитер“ објавуваат 175 милиони објави дневно. Несомнено, социјалните мрежи се глобален феномен кој ги допира сите земји и јазици. Социјалните мрежи може да бидат одлична алатка за спојување на учениците и ја олеснува комуникацијата надвор од училишните клупи. Социјалните мрежи треба да бидат земени предвид и кога се учи вокабулар. Не би сакале вашите ученици за завршат незнаејќи што значи BTW, зарем?

Онлајн-библиотеки

Интернетот нуди совршена можност за читање. Учениците може да читаат кратки приказни. Поголемите може да слушаат и повторуваат текстови или раскази. Порано наставниците се мачеле да бараат соодветни снимки, но сега се' е достапно бесплатно на интернет.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование