Да се биде наставник е тешка и стресна работа, спротивно на многу тврдења. Наставниците се луѓе исто како и другите, со убави и тешки денови и често учениците се причина за лошите денови, но неретко знаат и да го разубават денот.
Прочитајте неколку
искуства кои се споделени од наставници ширум светот:
„Зедов ден од работа по Нова Година за закопот на татко ми. Кога се вратив назад првиот ден и влегов во мојата училница да се подготвам за вториот час (немав прв). Ми пријде ученик и ми рече, „Господине, жал ми е за татко Ви.“
Се насмевнав и се заблагодарив, па се свртев кон масата, а кога повторно го кренав погледот, не беше таму. Го видов како влегува во друга училница. Тогаш сфатив дека ученикот требаше да присуствува на мојот трет час, а не на вториот. Можеше да чека 45 минути за да каже нешто, но направи мал напор за мене. Го потсетив на тоа во Јуни на денот на матурирање.“
„На средината на мојот час по математика на четврто одделение, се исеков од лист хартија. Извикав поради болката и околу 2-3 секунди се фокусирав на раната. Кога го исправив погледот, едно мало момче веќе стоеше пред мене со лента за прва помош. Толку слатко...“
„Кога и да видам како учениците стануваат од своето место да соберат ѓубре што не е нивно за да го фрлат во корпата или го местат столот што нивен соученик го оставил зад себе се воодушевувам затоа што не сакаат да бидат пофалени.“
„Јас сум наставник во средно училиште. Мене ме воодушевува кога ученикот има искрен разговор со мене. Многу средношколци се затворени кон возрасните (само се поздравуваат и не прават контакт со очите итн.). Многу е пријатно кога ученик ќе дојде во канцеларијата само за да праша за нешто или да добие совет.“
„Имав ученик со аутизам. Имавме традиција за ручек да побарам едно од неговите колачи и тој да ми рече „не“. Некогаш глумев дека ќе земам едно и тој ќе ги земеше бргу кај себе. Како што ќе се оддалечев, ќе си ги гушкаше колачите и ќе се смееше. Тоа беше наша дневна шега. Еден понеделник наутро во Неделата на наставниците, тој сфати дека не ме разбирал воопшто и почна да паничи. Му кажав дека е во ред, но тој истрча до неговата кутија со ручекот извади колаче и ми го даде. Би сакала да можев да го задржам колачето засекогаш.“
„Еден ученик ми рече: „Вашиот час е единствениот за кој сакам да се разбудам рано.“
„Еден од моите ученици од четврти клас ми рече: „Госпоѓо, претходно мислев дека науката е досадна, но Вие ја правите забавна.“
Тоа е најдоброто нешто што некогаш сум го слушнала!“
„Предавам во пуста област, многу наставници заминуваат по една година. Имав ученик што ми рече „Господине, нема да не оставите како и сите други? Потребни сте овде.“
„Еден ученик ми рече, „Господине, само што сфатив: предавањето е тешка работа. Не би можел да се замислам да го правам она што го правите Вие секој ден. Многу сте добри во тоа.“
Фактот дека некој знае низ што минам секој ден, прави да се чувствувам подобро.“