Малата островска земја Доминика има цврст став кон пластичниот отпад. Во она што се опишува како една од најсеопфатните забрани на пластика во светот, Доминика има намера од јануари следната година да забрани пластични и стиропорни контејнери за храна и садови кои се најчесто се користат, вклучувајќи сламки, вилушки и ножеви, изјави неодамна премиерот на земјата.
Доминика, која се нарекува и Островот на природата поради бујните дождовни шуми и разновидна флора и фауна, мора да дејствува одлучно за да се заштити од загадувањето со пластика, смета премиерот Рузвелт Скерит.
-Прекарот кој го носи островот мораме во секој поглед дека да го заслужиме - рече тој и додаде дека прашањето за управување со цврст отпад влијае на перцепцијата и дека државата продолжува да се справува со тие прашања.
Листата на забранети предмети сѐ уште не е завршена, но премиерот ги означи пластичните садови и садовите од стиропор како предмети кои ќе бидат забранети.
Забраната на пластиката е дел од иницијативите за Доминика да стане првата земја во светот која е отпорна на климатските промени - иницијатива која беше најавена минатата година, кога ураганот „Марија“ го уништи островот.
Забраната за пластика на Доминика веројатно ќе има позитивно влијание врз дивиот свет во земјата, вклучувајќи ја и миграцијата на китовите кои спијат во топлите води околу островот.
Тамошните активисти истакнуваат дека е вознемирувачки да се гледа како китовите си играат кутии од стиропор.
Доминика е најновата од низа земји кои неодамна ветија дека ќе преземат чекори со кои ќе се спротистават на растечката количина на пластичен отпад. Слични чекори се преземаат и од страна на одредени корпорации.
Велика Британија предложи до 2019 година да бидат забранети памучните чепкалки за уши, сламки за пиење и неколку други пластични садови за еднократна употреба. Франција неодамна вети дека до 2025 година ќе се користи само рециклирана пластика. Пред две години Франција донесе закон со кој се забрануваат пластични чаши и садови за еднократна употреба, што ја прави првата земја со таква регулатива. Овој закон ќе стапи на сила во 2020
година.