X
 08.03.2015 Култура

Ритуали на пиење кафе кај филозофите

Многумина ќе се согласат дека кафето е движечка сила на големите интелектуалци. Во тоа би се согласиле и некои филозофи од минатото.


Во 18-от век, писателот и филозоф Волтер пиел од 40 до 50 шолји кафе дневно. Тој го мешал кафето со чоколадо. Живеел до своите 80-ти години, иако лекарот го предупредил дека кафето ќе го убие.

Подоцна тој век, и Имануел Кант пиел кафе. За него било запишано дека имал навика да пие кафе веднаш по вечерата. Кафето морало да биде свежо и донесено веднаш откако Кант би го порачал.


Малку подоцна, во 19-от век, данскиот филозоф Серен Оби Кјеркегор имал свој ритуал на пиење кафе. Тој ставал многу шеќер, а кафето било многу силно. Тој имал и своја шолја за пиење кафе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура