X
 08.06.2016 Образование

Митови за учењето во кои не треба да веруваме

Доколку работите во образование, јасно е дека ќе ве интересираат темите со кои научниците се занимаваат, а кои го проучуваат мозокот или истражувањата поврзани за психологијата од проста причина што меморијата, мотивацијата, интелигенцијата и одлучноста и тоа како имаат врска со образованието.

 

учење


Но, овие дисциплини се комплексни и постојат многу непознати работи кои доколку се обидеме да ги разбереме што помага или што не помага при учењето. „The Guardian“ донесува четири митови присутни во училниците и домовите кои настанале поради погрешна интерпретација на научните објаснувања.

Не постојат различни стилови на учење

Митот дека некое дете подобро учи доколку материјалот му се претстави визуелно, аудитивно или кинестетски не е точен. Ние веруваме дека секое наше дете е посебно - има различна личност, искуство, генетика и последично, веруваме дека ќе има и подобар успех доколку учи на начин на кој мислиме дека му одговара. На „Twitter“ постои кампања со хаштаг #VAKOFF со цел да се руши овој мит, а се нуди и награда од 5.000 долари за личноста која ќе докаже дека теоријата за различни стилови на учење им помага на учениците да постигнат подобар успех на училиште. Новите истражувања ќе ни помогнат да престанеме да веруваме во овој мит, а засега постојат индикации дека учењето на нови информации во кои децата користат повеќе сетила за резултат има подобри резултати во учењето.

Користиме 10% од мозокот

Фактот дека никој од научниците никогаш не објавил ништо слично, а дека во денешно време сме во состојба мозокот да го набљудуваме на доста напредно ниво, значи дека ова тврдење е целосно неточно. Причина? Луѓето веруваат дека ова го кажал Ајнштајн, меѓутоа ова воопшто не е точно.

Десната и левата страна на мозокот: рационалност и креативност


Во 60-тите години од минатиот век истражувањето направено врз луѓе кои пателе од епилепсија покажало дека кога ќе се прекине врската помеѓу левата и десната хемисфера, овие две страни на мозокот започнуваат да функционираат самостојно и на различни начини.  После на ова се надоврзала нашата желба да ги објасниме и категоризираме луѓето и нивното однесување, да го поедноставиме комплексното и да го објасниме она што не' буни. Вистина е дека едната страна на мозокот не е одговорна само за еден вид на однесување. Овој мит може да ни наштети бидејќи може да не' одврати да изучуваме одредена дисциплина или предмет бидејќи сметаме дека нашиот мозок не е способен за тоа.

Логичките загатки не' прават попаметни, го тренираат нашиот мозок, го подобруваат помнењето, концентрацијата и интелигенцијата


Луѓето кои редовно играат вакви игри често постигнуваат се' подобри резултати бидејќи подолго и играат. Проблемот е тоа што овие вештини скоро е невозможно да бидат пренесени во различни контексти, како што е на пример училницата. Иако постојат докази дека овие активности би можеле да бидат од корист за луѓето кои се борат против Алцхајмеровата болест, останатите истражувања покажуваат дека не постојат докази за подобрување на когнитивните функции.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование