Меѓународната компанија „Easy Asset Management“, специјализирана за одобрување на брзи кредити, започна со работа и во Македонија.
Компанијата, која има повеќе од 10 години искуство на финансискиот пазар во Европа, разработи нов бизнис модел во Македонија во согласност со потребите на населението, односно сите граѓани да имат можност да аплицираат за брз кредит онлајн.
Услугите кои ги нуди М Кеш (МCash) Македонија се двата продукти MFix и Mflex со кои им се овозможува на клиентите сами да ги дефинираат неделните или месечните рати на отплата според сопствените потреби и можности.
М Кеш
За првпат во Македонија, M Cash им нуди можност на своите клиенти брзо, лесно и удобно да земат онлајн кредит преку максимално едноставна процедура. Само со копија од лична карта секој клиент може да аплицира преку сајтот на друштвото
www.mcash.mk и во рок од 2 часа ќе добие телефонски повик.
Износите за кои секое физичко лице ќе може да аплицира се движат од 6.000 до 70.000 денари.
Откако на клиентот ќе му биде одобрен кредитот, тој ги добива парите директно на неговата трансакциска сметка во временски рок од 24 часа.
Овој тип на кредит е наменет за луѓето кои сакаат да ги избегнат долгите процедури за аплицирање во банките или имаат лимитиран пристап до финансиските услуги на банкарските институции.
Свеж кеш
Продуктот MFlex или познат во светот како „кредит до плата“ е производ предвиден за луѓе на кои итно им е потребна готовина. Износите за кои може да се аплицира се движат меѓу 6.000 - 12.000 денари за рок од 14 или 30 дена. Со цел да им се олесни на клиентите, друштвото нуди опција да се продолжи рокот до 3 пати.
Продуктот MFix од друга страна им нуди на клиентите да земаат поголеми суми на подолг период. Преку калкулатор кој е интегриран на веб –страницата на друштвото, сами можат да ја определат висината на износите и времетраењето на кредитот, во рамките на месечниот буџет на семејството. Така корисниците можат да избираат меѓу 13.000 - 70.000 денари за рок од 2 до 12 месеци.
Услугата е достапна за сите бидејќи е онлајн и може да се аплицира и преку паметен телефон.
За оние кои се интересираат за услугите на M Cash, друштвото отвори бесплатна телефонска линија 0800 11 700, каде што може да се добијат одговори на сите кориснички прашања.