X
 27.11.2022 Живот

Сега можете бесплатно да преноќите во домот на извршниот директор на „Ербиенби“

Брајан Чески, извршен директор на „Ербиенби“, ја нуди спалната соба во неговиот дом во Сан Франциско за резервации. Собата можете да ја резервирате бесплатно, може да се дружите со него, а може и да ви испече колачиња.

- Живеам тука, па ќе бидам тука. Ова го направив пред 15 години и ќе го направам повторно - напиша тој на неговиот твитер-профил, каде што сподели видео.

На видеото се гледа како Чески слегува по скали со своето куче и ги фотографира дневната соба и спалната соба кои се слободни за резервација.

Чески вели дека ја издава собата за да им покаже на луѓето дека ако основачот на „Ербиенби“ може да го направи тоа, тогаш можат и другите луѓе.

Според огласот, гостите ќе добијат апартман.

- Тоа е навистина убава спална соба - ќе ви направам свежи колачиња, можете да одите во фитнес-сала со мене, ќе се прошетаме до паркот. Ќе правиме многу забавни работи - рече Чески.

Милијардерот наплаќа 0 долари за престојот. Собата веќе е резервирана до март 2023 година, а од „Ербиенби“ велат дека повеќе датуми ќе бидат додадени во иднина.

На списокот за собата на Чески се голем кревет, два плакари, биро и фотелја. Исто така, гостите ќе имаат пристап до бања, кујна и дневна соба.

Во огласот Чески додава дека во домот ќе има безбедносни камери, но не во личните, приватни области на гостите.

Извор: Businessinsider.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот