Научници успеале да вратат во живот човечки очи кои биле земени од донор на органи 5 часа по смртта. Достигнувањето е дел од американско истражување кое имало цел да утврди дали мозочната смрт е неповратна.
- Успеавме да ги разбудиме фоторецепторните клетки во човечката макула, која е дел од мрежницата, одговорна за нашиот централен вид и нашата способност да гледаме детали и боја. Во очи земени 5 часа по смртта на донор на органи, овие клетки реагираа на силна светлина, обоени светла, па дури и многу слаби блесоци на светлина - објаснила Фатима Абас од Центарот за очи „Моран“ на Универзитетот во Јута.
Во едно истражување од 2019 година научници од Универзитетот „Јејл“ успеале да оживеат мозоци на 32 мртви свињи, но не успеале да воспостават комуникација помеѓу невроните.
Во новото истражување на очите од починат донор на органи научниците успеале да ја оживеат комуникацијата помеѓу клетките во централната мрежница, која е важен дел од нашиот централен нервен систем. Откритието би можело да доведе до подобри третмани за подобрување на видот.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay