X
 27.07.2018 Економија

Експертите ригорозни: „Фејсбук“ треба да биде оданочен поради намалување на продуктивноста на вработените

Со оглед на тоа дека платформите како „Фејсбук“ ја намалуваат продуктивноста на вработените на нивното работно место, се појавија прилично екстремни идеи за решавање на тој проблем - оданочување на технолошките компании.

Имено, земајќи предвид колку сме преокупирани со технологијата, таа влијае и на нашиот одмор и на нашата продуктивност. Затоа некои компании како германскиот производител на автомобили, „Даимлер“, одлучија да ја бришат електронската пошта на вработените додека тие се на одмор. Тоа значи дека ако на вработеното лице му биде испратена електронска пошта додека тоа е на одмор, испраќачот ќе ја добие следната порака: Ви благодариме на пораката, ова лице е на годишен одмор и вашата порака ќе биде избришана. Можеме да ја проследиме пораката до друго лице или можете да почекате оригиналниот примател да се врати од годишен одмор и повторно да му ја испратите.

Резултати од истражувања покажуваат дека лицата кои во текот на одморот ги прегледуваат пораките, во канцеларијата се враќаат уморни, додека на овој начин, вработените на работното место се враќаат подготвени да работат и да бидат максимално продуктивни.

Фото: Pixabay

Земајќи го предвид сето тоа, Адам Алтер, професор на Универзитетот во Њујорк смета дека за победа над зависноста од технологија потребно е фокусот да се стави на компаниите, а не на корисниците. Така, владите, според него, би морале да ги оданочуваат технолошките компании како „Фејсбук“ бидејќи тие нѐ прават помалку продуктивни.

Неговиот аргумент е дека на ист начин владите ги принудиле компаниите кои ја загадуваат околината и така ја загрозуваат благосостојбата на светската популација, животните и другите живи суштества да станат еконолошки одржливи. Имено, со оглед на тоа дека поради технолошките компании вработените не се толку продуктивни, тие исто така треба да бидат казнети и оданочени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија