X
 12.05.2020 Живот

Германец живее во транзитниот дел од аеродромот во Њу Делхи од 18 март

Германец, кој е баран за сторен криминал во неговата родна земја, повеќе од 50 дена живее во транзитниот дел на меѓународниот аеродром во Њу Делхи, Индија.

40-годишниот Едгард Зибат слетал во Њу Делхи од Виетнам како транзитен патник кој патувал до Истанбул на 18 мај. Тој ден Индија ги откажа сите летови од и во Турција поради пандемијата на коронавирус. Поради оваа мерка, повеќе патници останале на аеродромот во Њу Делхи, но случајот на Зибат бил уникатен.


Фото: Pixabay

Германската амбасада во Индија одбила да му гарантира престој на Зибат поради неговата криминална историја. Индија не му дала виза од истата причина, иако Зибат официјално не побарал виза. Во Индија странските патници мора да имаат виза за да излезат од транзитниот дел на аеродромот. Затоа, Зибат живее во аеродромот од 18 март.


Фото: Pixabay

Според властите, тој ги поминува деновите читајќи списанија и весници, зборува со пријателите и семејството на телефон, а јаде од рестораните кои се отворени во терминалот. Властите испраќаат луѓе да го проверуваат Зибат на одреден период и засега тој е во добро здравје. Ќе го напушти аеродромот кога авионите повторно ќе почнат да летаат, а според одредени медиуми, се очекува тоа да биде на 17 мај.

Извор: news18.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот