X
 07.06.2015 Образование

Фотографии од стресниот приемен испит за упис на факултет во Кина

Овој месец, милиони кинески средношколци ќе го полагаат Националниот приемен испит за факултет, наречен „гаоко“. Минатата година 9.4 милиони ученици седнаа да го полагат тестот.

 

кина


Доста стресен, големиот тест предизвика остри критики за неговата високо ризична природа. Во основа тестот претставува предуслов за влегување на колеџ со што се става неверојатен притисок врз учениците, а често пати имало ученици кои не можеле да го издржат притисокот и се самоубивале.

Најмалку 2 милиони ученици кои ќе го полагаат тестот ќе бидат одбиени на факултет. Овој интензивен притисок ги тера учениците да препишуваат, такашто една провинција имплементира дронови за да набљудува доколку некој препишува.

Стресот околу тестот ги потврдува тврдењата дека кинескиот образовен систем е заинтересиран само за пренесување на тесен износ на содржината и пропишаните вештини на сметка на креативното размислување.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование