X
 23.01.2024 Образование

Држави со најтежок образовен систем во светот

Финска го има еден од најтешките образовни системи во светот и еден од најстрогите во Европската Унија, открива нова анализа на веб-страницата „Мастерс дигри“. Во анализата биле вклучени повеќе фактори, како структурата на образовниот систем, стапката на добивање високо образование и стапката на прифаќање на најдобрите факултети, меѓу другото.

Во Финска е задолжително основното образование, кое трае девет години. Средното образование трае три години, а високото образование, исто така, трае три години. Најтежок испит во Финска е националниот тест, кој се полага по завршувањето на средното образование. Студентите што успешно ќе го положат овој тест може да се запишат на универзитет. Според податоците, околу 30.000 средношколци годишно успешно го положуваат овој тест.

Истражувањето покажува и дека студентите на финските универзитети имаат повеќе проблеми со менталното здравје отколку другите возрасни жители во земјата. Околу 40 отсто од студентките и 28 отсто од студентите во Финска изјавиле дека се чувствуваат депресивно или анксиозно.

Најголем стрес имаат студентите во Јапонија, каде што 84 отсто од студентите и 95,1 отсто од студентките се соочуваат со стрес за време на студиите.

На листата со земји со најтешки образовни системи во светот се наоѓаат и Јужна Кореја, Сингапур и Кина. Во Јужна Кореја некои студенти учат и до 16 часа дневно за да го поминат тестот за прием на факултет. Во Сингапур дури 91 отсто од жителите имаат високо образование.

10 земји со најтежок образовен систем во светот

- Јужна Кореја;
- Финска;
- Сингапур;
- Кина;
- Јапонија;
- Хонгконг;
- Тајван;
- Јужноафриканска Република;
- САД;
- Русија.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Unsplash

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование