X
 17.08.2020 Здравје

Стресот од пандемијата предизвикува и опаѓање на косата

Стресот од пандемијата на коронавирусот кај луѓето предизвикува опаѓање на косата - феномен што лекарите го нарекуваат „опаѓање на косата од шок“.

- Нема симптоми, нема чешање, нема болка. Тие само гледаат сѐ повеќе коса на перницата, на облеката, под тушот и тоа може да биде доста вознемирувачко. Мислам дека како што поминува времето и стресот од ова продолжува, ќе има повеќе случаи - вели лекарката Шилпи Кетарпал, дерматолог на клиниката во Кливленд.

Опаѓањето на косата поради шок може да се појави три до четири месеци по стрес. Лекарите велат дека не е невообичаена состојба, но со финансискиот стрес, анксиозноста и другите емоционални шокови, кои се во подем поради глобалната пандемија, доаѓа до психолошки промени кои можат да доведат до тоа 50 отсто од вашата коса предвреме да влезе во фаза на опаѓање.

- Ако погледнете во животниот циклус на фоликулата, во основа на тоа мислете во три фази - има фаза на растење, фаза на мирување и фаза на опаѓање. Кога ќе видат многу опаѓање, тоа луѓето го сфаќаат како опаѓање на косата - објаснува лекарката Џенифер Ештон.

Опаѓањето на косата поради шок често се случува поради психолошки и емоционален стрес и е различно од опаѓањето на косата што жените може да го доживеат по породување, на пример, објаснува Ештон.

Специјалистите велат дека иако само емоционалниот или психолошкиот стрес не се доволна причина за опаѓање на косата, големиот емоционален стрес може да влијае врз сонот, исхраната и општото физичко здравје на доволно тежок начин кој може да предизвика и опаѓање на косата.

Опаѓањето на косата поради шок може да се дијагностицира преку клиничко тестирање и можеби лабораториски тестирања. Има и начини за минимизирање на ефектите на прекумерно опаѓање на косата, велат лекарите. Сѐ, од вежбање до добро избалансирана исхрана фокусирана на протеини, може да биде од помош, но и осигурувањето дека примате доволно железо.

Според Кетарпал, опаѓањето на косата поради шок обично се решава само од себе по некое време.

- Обично трае од три до девет месеци и најчесто, за 6 месеци, се решава само од себе и косата се враќа - вели лекарката.

Извор: Good Morning America
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје