Парализата во сонот е состојба во која лицето гледа работи кои не постојат и се плаши дека ќе умре за време на спиењето. Родни Ашер снимил документарен филм врз основа на сведочењата од луѓето кои страдаат од парализа во сонот.
Што е парализа во сонот?
Се работи за феномен кој им се случува на различни луѓе. Доколку ви се случува вам, не се работи за паранормално искуство, туку за научно објаснет феномен кој се појавува и кај други луѓе. Телото е потполно неподвижно и се наоѓа во транзициска состојба меѓу будност и спиење. Овој феномен честопати е следен од страшни халуцинации.
Луѓето кои го имале ова искуство тврдат дека слушнале гласови или почувствувале нечие присуство во просторијата. Откако ќе се разбудат од таквата состојба, лицата чувствуваат вистински страв од опасност и смрт, но парализата не претставува никаква опасност.
Документарниот филм од кој ќе се плашите да спиете
„The nightmare“ е документарен хорор филм во кој темата е парализа во сонот. Режисерот Родни Ашер разговарал со осум лица кои страдаат од овој вид пореметување во сонот. Морничаво!