1. Јужна Кореја - Традиционално зетот на својата баба и` дава пајки за да ја покаже својата верност - со оглед на тоа што овие птици имаат само еден партнер цел живот.
Денес живите пајки се заменети со дрвени, кои се разменуваат меѓу зетот и невестата за време на церемонијата.
2. Индија - Невестата и зетот ги соблекуваат чевлите пред да влезат во храмот кадешто свештеникот ги венчава. Сестрата на невестата или нејзините братучеди треба да ги украдат чевлите на зетот. Потоа тој ги поткупува. Потеклото е непознато, меѓутоа античките венчавки биле одржувани во храмови во кои требало да се соблечат чевлите.
3. Данска - За време на рецепцијата, зетот се фрла во воздух од машките гости. Се земаат ножици, и еден од нив го сечи едниот крај од чорапите на зетот. Ова ја претставува верноста на зетот кон неговата нова невеста со тоа што го сечи „Frier Fødder“ - ногата со која ја запросил.
4. Перу - Пред да се сечи тортата, немажените девојки се собираат околу тортата и ги земаат белите ленти кои излегуваат од неа. Секоја од девојките ја трга нејзината лента, а една од лентите открива прстен во тортата. Онаа девојка која ќе го пронајде прстенот е следна за мажење.
5. Малезија - После свадбата, членовите од Тидонг се ставени под домашен притвор од пријатели и роднини кои ги запираат да не одат во вц. Ако го прекршат ова, се верува дека парот ќе биде проколнат со лоша среќа.
6. Шведска - Секој пат кога невестата или зетот ќе ја напушти собата, гостите одат да „украдат“ бакнеж од еден од нив. Ако гостин започне да удира со чашата, другите гости треба да се придружат и невестата и зетото треба да се бакнат.
7. Јужна Африка - За време на традиционална јужно-африканска венчавка, вметнати се 12 симболични предмети во свадбата: сол, пипер, библија, пченица, вино, горчливи билки, метла, копје, лажица, мед, штит и грне. Секој од овие симболи симболизира предизвик кој парот мора да го помине заедно за време на нивниот брачен живот.
8. Ирска - Западно од Ирска, младите мажи се маскираат во костуми од сламки и ги посетуваат свадбите за да играат со невестата, да пејат и да кажуваат шеги. Се верува дека нивното присуство носи среќа и добра судбина.
9. Германија - Користејќи пила со две страни, младоженците работат заедно за да го сечат трупот, што ја претставува првата пречка која ја пребродуваат заедно. Семејството и пријателите навиваат, а младоженците покажуваат тимска работа и сила за да ги усовршат предизвиците кои животот ќе им ги даде.