X
 11.06.2021 Здравје

Зошто оваа физичка активност е прогласена за најефективна?

Скокањето со јаже е една од наједноставните и најефикасни вежби со кои можете да ја подобрите вашата кондиција и да ги изгубите несаканите килограми. Со правилно изведување и соодветен избор на опрема, можете да го подобрите физичкото и менталното здравје.

Освен што оваа вежба можете да ја правите секаде, таа нуди и безброј здравствени придобивки. Покрај тоа што ви помага да ги подобрите брзината, координацијата и агилноста, оваа вежба го нуди најдобриот кардио-тренинг.

Исто така, друга предност на скокањето со јаже е фактот дека придонесува за густината на коските и спречува остеопороза. Потезите бараат длабока концентрација, поради што овој тренинг се смета за „подвижна медитација“ и позитивно влијае врз менталното здравје.

Застапниците на овој вид тренинг велат дека ризикот од повреди е помал отколку кога трчате.

Кога станува збор за самиот тренинг, пред сè, почетниците треба да се фокусираат на развој на координација и издржливост со цел да скокаат од 5 до 10 минути без да се сопнуваат. Како по правило, треба да започнете со сесии кои не се подолги од 10 минути.

Фитнес-тренерите препорачуваат прескокнување два до три пати неделно на почетокот и зголемување на времетраењето на тренингот за максимум 10 отсто на секои 7 до 15 дена. Вашите први тренинзи би можеле да бидат едноставни, 20 секунди скокање и 20 секунди одмор.

активност

Како што напредуваат вашите вештини, можете да експериментирате со скокање на само една нога или едноставно „тапкање“. Другите потези што можете да ги испробате вклучуваат странични скокови, скокови наназад и попречни потези.

Тренерите посочуваат дека е исклучително важно да се почне со лесен интензитет за да се избегнат повреди.

Исто така, при изведувањето важно е надлактиците да бидат „залепени“ на градите, да се свиткаат лактите на околу 45 степени, а поголемиот дел од движењето треба да доаѓа од вашите зглобови. Експертите препорачуваат да не скокате повеќе од еден сантиметар од земјата.

Друг важен фактор е изборот на патики, а со цел да се намали можноста од повреди на минимум, важно е да се најде оптимална рамна и цврста површина - но не премногу тврда.

Тренерите предупредуваат дека тревата не е добра подлога затоа што обезбедува дополнителна отпорност на јажето.

Извор: Washington Post
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје