Конзумирањето марихуана помеѓу американските студенти се зголемува секојдневно, а првпат досега, користењето марихуана е поголемо од пушењето цигари, покажува нова национална анкета.
Изминатата година, 5,9% од студентите во САД пушеле марихуана секојдневно или речиси секојдневно. Овој процент изнесувал 3,5 во 2007 година.
Истражувачите кои го спроведувале истражувањето на Универзитетот во Мичиген претпоставуваат дека порастот е резултат од перцепцијата за опасностите од марихуаната од страна на јавноста, кои се промениле многу во последните години.
- Јасно е дека изминатите седум или осум години има зголемено конзумирање марихуана помеѓу студентите - изјави Лојд Џонстон, кој работел на истражувањето.
Во 1999 година, дури 19% од студентите биле пушачи, а во 2014 година, само 5% од студентите изјавиле дека се пушачи. За истите години, 13% изјавиле дека повремено пушат во 2014, а 31% од нив изјавиле дека пушат повремено во 1999 година.