Нарушувањето кое може да се појави со користење марихуана е често во земјите кадешто користењето на оваа супстанца е делумно или целосно дозволено. Ова е нарушување кое честопати останува нетретирано, според ново истражување спроведено на Националниот институт за консумирање алкохол и алкохолизам на САД.
Анализата открила дека 2,5% од возрасните, односно речиси 6 милиони луѓе во земјата, имале нарушување на однесувањето поради користење марихуана во последната година. Истражувачите испрашувале над 36.000 возрасни Американци за користењето дрога, алкохол и други супстанци. Конкретно, дел од истражувањето се фокусирало на нарушувањето при користењето марихуана.
Според официјалниот водич, за да се даде дијагноза за нарушувањето, индивидуалците мора да покажуваат најмалку 2 од 11 симптоми како недостаток на контрола, негативни ефекти на лични и професионални одговорности, повлекување итн. Симптомите може да бидат повеќе или помалку изразени.
Новото истражување покажува дека нарушувањата од користењето марихуана може да се појават кај маѓите двојно почесто отколку жените, а помладите возрасни групи имаат поголеми шанси да имаат нарушување отколку луѓето на возраст од 45 или нагоре.
Кои се симптомите? Лекарите велат дека луѓето со состојбата, забележуваат значителни ментални проблеми.
Авторите на
истражувањето порачуваат поголема внимателност при откривањето и имплементацијата за ефективна превентивност и третирање на оваа состојба. Освен тоа, тие велат дека е важно да се информираат и јавните образовни установи, кои би преземале дополнителни мерки за известување дека користењето на марихуана не е безопасно.