X
 14.05.2020 Живот

Уставен суд: За пензионерите и малолетниците ќе важи полициски час како и за сите други

Уставниот суд реши да го запре извршувањето на уредбата со која за лицата помлади од 18 и постари од 67 години имаше посебен полициски час.

- Уставниот суд  по одржаната седница ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд  - стои меѓу другото во соопштението.

Тоа значи дека пензионерите и малолетните лица сега ќе имаат право да се движат како и останатите - од 5 до 19 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот