X
 19.09.2015 Наука

Најлудите истражувања во 2015-та

Дали „одварувањето“ јајце звучи доволно лудо? Ова е едно од истражувањата кои оваа година ќе бидат крунисани со наградата „Иг Нобел“. Наградите „Иг Нобел“ се доделуваат на „Харвард“ и тие се пандан на сериозните Нобелови награди и се посветени на забавната и смешна страна на науката. Овие награди покриваат необични теми, како пресметување статистичка веројатност за паѓање на намачканата страна од лебот или коефициентот на триење кога би се лизнале на кора од банана.


„Одварување“ јајце

Овогодинешните лауреати на наградите се истражувачи од Универзитетот во Калифорнија кои успеале варено јајце да вратат во течна состојба со техника која би можела да има повеќе примени во други индустрии.

Испразнување на бешиката

Наградата за физика ќе им биде врачена на експертите од Технолошкиот универзитет во Џорџија кои тестирале колку брзо цицачите ја празнат бешиката. Одговорот е 21 секунда.

Прошетка со пилиња

Наградата за биологија ја добива проект од Универзитетот во Чиле кој вклучува ставање веѓтачки опашки на пилињата за да се проучува локомоторниот систем кај живите потомци на диносауруси.

Универзален јазик

Наградата за книжевност ја добива Марк Дингаманс тимот од институтот „Макс Планк“, кој истражувал дали во сите јазици од светот може да се постави прашање со „А?“ Наводно, одговорот е потврден.


Пожртвуваност

Мајкл Смит од универзитетот „Корнел“ во Њујорк ја добил наградата за медицина за својата работа за тоа како болката како последица од убодот од пчелата може да биде со различен интензитет во зависност од тоа кој дел од телото е повреден.

Бакнување

Смит ја поделил својата награда по биологија со словачки научник кој сакал да дознае колку ДНК може да се пренесе со страсен бакнеж. Заедно со јапонски истражувачи, тој открил дека бакнувањето може да ја намали реакцијата на организмот на алерготест на кожата, што значи дека бакнувањето е корисно за вас.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука