Иако денес многу луѓе се среќни што воопшто имаат работа, но не е сеедно дали тие 8 или повеќе саати ги поминувате длабоко незадоволни или задоволни на работа. Кога веќе имате пристојна плата, еве што друго е потребно за да бидете среќни.
Науката потврди дека постојат пет фактори кои прават разлика меѓу среќниот и незадоволниот работник.
1. Работата ви претставува предизвик
Научниците утврдија дека луѓето се најсреќни кога се соочени со тешка, но задача која може да се реализира.
2. Имате чувство дека можете да напредувате
Чувството дека сте направиле нешто добро, сте решиле некој проблем или сте извршиле некоја голема работа, дава огромно задоволство. За тоа кога постигнувате успех се чувствувате подобро и знаете дека сте направиле чекор напред во вашата кариера.
3. Не чувствувате страв
Притисокот е можеби ефективен краткорочно, но чувството на страв ги кочи вработените бидејќи се плашат да не останат без работа. Кога тие се во страв, не постои тимска работа и на крајот нема продуктивност. Но, одговорност мора да постои, луѓето кои не се во состојба да ја изврши работата и да ги следи правилата треба да бидат отпуштени.
4. Самостојност
Чувството дека сте самостојни и го контролирате сопственото време понекогаш може да значи дури и повеќе од пари. Затоа работниците со флексибилно работно време се многу посреќни од оние кои мораат да работат во строго контролирани услови.
5. Чувството на припадност
Истражувањата покажаа дека луѓето кои на работа имаат пријатели, имаат подобри резултати на работа. Не е лесно да се развијат длабоки врски со луѓето кои работите, но опуштените односи се важни за да сте среќни на работа.