X
 06.12.2015 Живот

Новинар стигнал од Турција до Париз без документи

Еден британски новинар успеал да се „шверцува“ од Турција до Париз на пат од повеќе од 3.000 километри. Новинарот стигнал до дестинацијата за 6 дена, а ниту еднаш не го покажал својот пасош.


Емил Гесен (34) направил репортажа за британскиот „The Sun“ во која детално го опишал својот пат. Тој плаќал за криумчарењето низ Европа со повеќе видови превоз. Новинарот за себе кажувал дека доаѓа од Иран и знае да зборува англиски јазик дамо малку.

Меѓу своите патешествија има пловење со чамец, фотокопирање могрантски формулари за регистрација, купување траект со помош на Црвениот крст, купување сириски пасоши итн.


Македонско-грчката граница вели дека ја поминал најлесно, без никаков проблем и потоа изнајмил такси со кој стигнал до границата со Србија.

До Хрватска пристигнал со автобус и таму чекал да се регистрира заедно со останатите мигранти. Патувањето од Загреб го продолжил низ Словенија и Австрија со воз, откаде што тргнал за Париз.

Демант од МВР на Хрватска

Сепак, Министерството за внатрешни работи од Хрватска го демантираше новинарот дека е целосна невистина дека поминал без да биде евидентиран.

"МВР на Хрватска целосно го демантира текстот објавен на веб-страницата на британскиот весник The Sun, во кој беше објавено како новинарот ја поминал границата на Република Хрватска без да биде евидентиран.

Всушност, тоа се лажни и неточни тврдења, бидејќи граничната полиција на Хрватска го евидентира Емил Пјер Гашен 2015/11/23. во 14:10 часот на железничката на граничниот премин Товарник при влез во Република Хрватска, додека на 24.11. во 17:20 часот е евидентиран на аеродромскиот граничен премин Загреб (Pleso аеродром), на излез од Република Хрватска.

Како доказ за ова МВР од Хрватска го објави и пасошот кој е скениран за време на граничната проверка. 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот