Кога детето патува само со еден родител во странство, треба ли тој да носи со себе писмена согласност од другиот е често прашање социјалните мрежи, за кое се пишуваат различни одговори. Особено периодов кога почнуваат годишните одмори. За тоа кога треба да се носи писмена согласност, каде да се извади и колку чини прашавме во Министерство за внатрешни работи.
- Кога дете патува во странство со еден од родителите (кои се во брак) нема потреба од писмена согласност од другиот. Службените лица во ваков случај немаат обврска да побараат писмена согласност - објаснуваат од Министерство за внатрешни работи.