X
 05.10.2015 Образование

Во Македонија има 33 доктори на науки кои немаат работа

Евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, за месец август, покажува дека без работа се 33 доктори на науки во државава. Ова е рекорден број на невработени лица кои се стекнале со ваква титула.



Фотографија: Филип Неделковски, студент на Економски факултет - Скопје


Ако се погледне профилот на образование, односно областа во која докторирале, евидентирани се невработени доктори по филозофија, доктори по економски науки, доктори по политички науки, доктори по педагогија, доктори по социјални работи доктори по медицински науки, доктори по филолошки науки и доктори по билогоија и по земјоделски науки.

Истата статистика од август, покажува дека во државава работа чекаат и безмалку 1.000 магистри на науки како и 15.182 лица кои имаат со факултетска диплома.

Најбројни меѓу невработените магистри се оние по правни работи, eкономски науки, магистри по правни науки, магистри по јавна администрација, магистри од областа на финансии и финансово право.

Од друга страна, последната евиденција покажува дека во Македонија има 47.135 лица без основно или со завршено основно образование што чекаат работа. Лани, во истиоит месец (август), без основно или со завршено основно образование биле регистрирани 30.264 лица, што значи дека за само една година, бројката на лица со вакво образование кои не се вработени, се зголемил за цели 16.871.

Антонија Поповска-Христов
antonija@fakulteti.mk
Подготвил: Антонија Поповска-Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование