X
 14.12.2021 Култура

Излезе трејлерот за новиот дел од серијата „Фантастични ѕверки“

Новиот трејлер за „Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“ излезе на почетокот од оваа недела, а во него го гледаме Мадс Милесен во улогата на Гринделвалд. Микелсен го заменува Џони Деп, кој ја толкуваше оваа улога во претходниот дел од серијата.

„Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“ е трет дел од серијата филмови со дејство сместено пред приказната на Хари Потер во книгите од Џ. К. Ролинг. Претходните делови, „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“ и „Фантастични ѕверки: Злосторствата на Гринделвалд“ излегоа во 2016 и 2018 година.

Филмот треба да ја има својата премиера на 15 април.


Во меѓувреме, во очекување е специјалната епизода за одбележување на 20-годишнината од премиерата на првиот филм „Хари Потер“. Специјалната епизода, во која ќе се појават сите главни актери од филмовите, треба да излезе на 1 јануари.



Извор: Cnet
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура