X
 16.10.2015 Култура

Една влада, една религија, една банка и една валута

Инстинктите за заеднички живот на човекот се она што нè донело до овде. Натпреварувајќи се еден против друг, луѓе наспроти луѓе, нација наспроти нација, е она што прави да напредуваме, на одреден начин. На крајот на краиштата, таков натпревар го однесе човекот на Месечината.


Со заканата за шесто масовно изумирање и претпоставките за наоѓање вонземски живот за помалку од една деценија, дали е време за само една заедничка цивилизација на светот? Како би функционирала оваа цивилизација? Како би изгледала? „Конбини“ го замислува ова сценарио.

Една влада

Многумина се согласуваат дека светското население не може да биде водено само од една група луѓе, а други ја гледаат глобалната влада како неизбежна. Со исклучок на неколку нации, светот веќе има една светска влада - таа се вика Обединети Нации. Во зависност од страната на која се наоѓате, тоа може да биде многу страшно или единствена надеж за една цивилизација.


Една религија

Додека конфликтот меѓу исламските бунтовници и останатите продолжува, експертите бараат заеднички факти кои се наоѓаат во сите религии и култури. Исто како и светската влада, новата светска религија веќе се гради позади сцената од страна на организации како „Lucis Trust“ и Теозофското општеството во Англија, кои веруваат во промовирање на спиритуалност на која се основа еден меѓузависен свет.


Една банка

Изненадување: И тоа го имаме. Светската банка, ИМФ и Федералните резерви на САД се одговорни за регулација и создавање на повеќе од половина од финансиите во светот.


Една валута

Во Европа, веќе го имаме еврото. Теоретски економска и монетарна унија постои и во Канада, САД и Мексико. Изминатата недела, Шведска објави дека ја започнува транзицијата во општество без готовина. Дали монетата на иднината е биткоинот?


Покрај тоа, НАТО веќе претставува дефакто светска армија, а интернетот е одговорен за создавање нова глобална култура со глобална мода и глобална музика со глобален јазик (сетете се на емотиконите).


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура