X
 27.12.2020 Култура

Нова технологија овозможува нов поглед во светот на Маите

Лоциран во Северна Гватемала, Биосферниот резерват на Маите е најголемата дождовна шума северно од Амазон и една од најважните точки во светот за биодиверзитетот.

Исто така, ова место некогаш било срцето на цивилизацијата на Маите. Денес, стотици куќи, тврдини, храмови и други структури лежат скриени под џунглата.

Некои археолози сакаат да го променат тоа. Тие ги посветија нивните кариери за да ја натераат џунглата да ги покаже своите тајни.

Новата технологија откри дека и покрај напорната работа со децении, археолозите успеале само да ја изгребат површината на нешто многу поголемо.

Холмул, градот на Маите, веќе 20 години е опсесија на археологот Франциско Естрада-Бели. Тој го нарекува „подарокот што продолжува да подарува“. Неодамна тој почна да ја користи технологијата наречена „Лајдар“, за која може да се каже дека ја трансформира археологијата.

2

- Пред илјадници години Холмул било едно од најнаселените места во светот, со околу 8 до 11 милиони луѓе распространети на област од 90.000 квадратни километри. Сепак, тие користеле доста одржливи практики за тоа да можат да го прават речиси 2.000 години - вели Франциско Естрада-Бели, кој е археолог на Универзитетот „Тулејн“.

Градот Холмул датира од 800 година пр.н.е., а бил напуштен 1.700 години подоцна. Една од неговите мистерии, кои Естрада-Бели се обидува да ги реши, е празниот гроб.

2

- Мислам дека знам зошто го напуштиле: затоа што датумот на градбата одговара со човек кој требало да биде во гробот, да биде жртвуван во Тикал во 748 година. Потоа, секоја монументална конструкцијa запрела - раскажува Естрада-Бели.

Гробот за малку ќе бил уништен, пред Естрада-Бели или други археолози да можат да го откријат, oд крадците кои ископале дупки и за малку ќе ја уништеле главната резба.

Во внатрешноста на гробот се наоѓаат повеќе слики и резби, иако една слика од кралот била намерно уништена од самите Маи.

- Маите верувале дека сѐ имало душа, дури и сликите од луѓе и работи, па кога погребувале нешто, тие ја ослободувале душата убивајќи ја сликата - раскажува Естрада-Бели.

2

Пред 100 години научник од „Харвард“ отишол во Холмул и ги открил храмовите, но не успеал да го открие најстарото резбарско дело што датира од 350 година пр.н.е.

- Неговите белешки не беа целосни затоа што археологот починал кратко време по работењето од мистериозна болест што ја добил од ова место. Дома се вратил со огромна рана на неговиот нос која никогаш не му заздравила, па не успеал да ја комплетира својата работа. Подоцна неговата работа била објавена од еден од неговите пријатели на „Харвард“. Токму во тој труд било заборавено да се спомене тунелот што води до најстарата резба - вели Естрада-Бели.

7

Научникот пронашол прозорец од некоја претходна пирамида, но престанал со копање. Тимот на Естрада-Бели продолжил да копа, па успеал да пронајде огромна резба на ѕидот што објаснува за што всушност служел храмот. На предниот дел од храмот е изгравирано „земјеното чудовиште“, а во устата на чудовиштето се наоѓа стар човек кој дури и денес, по 2.400 години, луѓето во Гватемала го слават и му се поклонуваат.

- Станува збор за богот на подземјето кој Гватемалците го слават до ден-денес. Значи, ништо не се променило во период од 2.400 години - вели Естрада-Бели.

Извор: BBC Reel
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура