X
 17.10.2015 Култура

"Vedel IT" го поддржи Светскиот ден против гладот со донација

Светскиот ден против гладот беше одбележан на 16.10.2015 (вчера) низ целиот свет. На овој ден се потсетуваме дека единствениот дозволен број на гладни луѓе во светот е 0 и правото на храна е основно човеково право.


На овој ден, луѓето од целиот свет ја покажуваат солидарноста и посветеноста за елиминација на гладот во скоро време. „Vedel IT“ ја препознаа потребата за храна во земјава и донираа пакети со храна во Пунктот за бездомници на Црвениот крст.







- Светскиот ден против гладот им дава можност на сите да им помогнат на луѓето кои имаат искуство со глад и недостаток од храна, а ние како тим во Vedel IT ја искористивме шансата и се обидовме да направиме промена за подобра цел - велат од „Vedel IT“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура